VII Конгрес на Здружението на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество, се одржа во периодот од 20 – 22 Септември 2024 година во хотел Дрим- Струга.
Конгресот беше посветен на сите области на микробиологијата почитувајќи го принципот – Едно Здравје. На истиот зедоа учество меѓународни и национални експерти со цел споделување на знаења и искуства за улогата на микробиомот, традиционалната и современа дијагностика на „старите“ и „нови“ патогени, превенцијата и терапијата на инфективните заболувања вклучително и горливиот проблем со антимикробната резистенција.
Конгресот беше наменет како за микробиолозите, така и за сите други специјалности во хуманата и ветеринарна медицина, кои во секојдневното практикување на својата дејност се тесно поврзани со микробиологијата.
На конгресот присуствуваа и зедоа активно учество доктори специјалисти
• Прим. д-р Ангела Делова
• Прим. д-р Елена Крстевска- Келепуровска со тема: “Генотипизацијата на хуманиот папилома вирус (ХПВ) и мерење на вирусното оптоварување како предиктори за ризик од цервикални лезии”,
• Д-р Јасмина Николовска со теми: “Staphylococcus aureus најчест бактериски изолат од примероци од рани” и “Резистенција кон флуорокинолони на Escherichia coli изолати од уринарни примероци” и
• Д-р Емилија Богоевска со тема: “Микробиолошка безбедност на кондиторски производи од домашно производство, анализирани во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, во период од 2022 до 2024 година”.