Активности по повод 14 Ноември-Светскиот ден на шеќерната болест

Под мотото “ДИЈАБЕТЕСОТ ГО ЗАСЕГА СЕКОЕ СЕМЕЈТВО”, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола и оваа година активно се вклучи во одбележувањето на 14 Ноември – Светскиот ден на шеќерната болест.

За таа цел Центар за јавно здравје – Битола ќе спроведе повеќе акции за бесплатно мерење на шеќер во крвта со капка крв од прст на рака и едукативни предавања во училиштата.

[columns] [span6]

 

1. Активности кои ќе се реализираат во период 13.11.2018 – 16.11.2018

  • ОУ „Гоце Делчев“- Ресен (Вторник) 13.11.2018 – 09:00h
  • СОУ „Ј. Б. Тито“- Битола (Среда) 14.11.2018 – 08:00h
  • Плоштад „Магнолија“- Битола (Среда) 14.11.2018 – 09:00h
  • ОУ „Гоце Делчев“- Д. Хисар (Четврток) 15.11.2018 – 09:00h
  • ОУ „А. Турунџев“- Кукуречани (Петок) 16.11.2018 – 09:00h

2. Активности кои ќе се реализираат за период 19.11.2018 – 23.11.2018

  • ОСМУ „Д-р Ј. Калаузи“ Битола (Понеделник) 19.11.2018 – 09:00h
  • СОТУ „Ѓ. Наумов“ Битола (Вторник) 20.11.2018 – 09:00h
  • ОУ „Кузман Ј. Питу“ Кичево (Среда) 21.11.2018 – 10:00h

 

Целта на активностите е да се зголеми свеста кај населението за ризиците од ова заболување, како и можноста за превенција на истото преку редовна физичка активност, здрава и урамнотежена исхрана и промовирање на здрав стил на живот.

[/span6][span6]

IMG-396c4ed418098a90acecc73427590c81-VIMG-ce12e828da617f18494e56e6c5246fe2-V

 

[/span6][/columns]

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *