Европска недела на имунизација

Под мотото “Заедно заштитени – заштити, спречи, вакцинирај“ Центарот за јавно здравје – Битола, активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на имунизација од 24 до 30 април 2019.

Европската недела на имунизација традиционално се одбележува со цел подигнување на свесноста за вакцините како најдобра превентивна мерка за заштита на населението од заразни заболувања, а воедно за зачувување и одржување на колективниот имунитет.

[columns] [span4]

 

Центарот за јавно здравје Битола со своите активности, преку делење пропагандни материјали, учество на медиуми, организирање предавања во основните и средните училишта во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар зеде активно учетво во одбележувањето на оваа eвропската недела на имунизација. Во рамки на одбележување на неделата во соработка со Здравствен дом- Битола се спроведе и теренска вакцинација со цел откривање што повеќе невакцинирани деца.

[/span4][span4]

IMG-487e009d69b055d81c37be968da5ac24-V

[/span4][span4]

IMG-a369cb156b0f446b1d3d8f1aea60c6ea-V

[/span4][/columns]

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *