Епидемиологија
Епидемиологија е наука за дистрибуцијата на болестите и нарушувањата на здравјето во популацијата и за факторите кои ја детерминирааат или влијаат врз оваа дистрибуција.
Епидемиолошката дејност во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се спроведува врз основа на Законот за јавно здравје, Законот за здравствена заштита, Законот за заштита на населението од заразни болести и подзаконски акти од оваа област, како и врз основа на Програмите од оваа област кои ги донесува Владата на Република С. Македонија на годишно ниво. Одделението за епидемиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола го покрива регионот на Битола, Д. Хисар, Кичево и Ресен.
Во состав на Одделението по епидемиологија има два отсеци:
1. Отсек за заразни болести и имунизација.
2. Отсек за планирање, спроведување, следење и контрола на дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Одделение за епидемиологија ги обавува следните дејности:
1.Спречува и сузбива заразни заболувања.
2. Следи бацилоносителство на заболени и сомнителни од одредени заразни заболувања.
3. Спречува внесување и ширење на тропски, карантински и паразитарни заболувања.
4. Врши контрола на задолжителна имунизација.
5. Спроведува имунизација по епидемиолошки индикации.
6. Доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА.
7. Врши здравствено воспитување.
8. Врши контрола и спречување на интрахоспитални инфекции.
9. Контрола и пријавување на акутна флакцидна парализа.