1.Приоритети и активности кои се однесуваат на возрасната група 0-6 г
Здравствено воспитните активностите на ЦЈЗ Битола се во соработка со: здравствените работници во службата која спроведува здравствена заштита на мали деца, персоналот во установи за престој на доенчиња и мали деца и др.
Здравствено воспитната активност ќе биде насочена кон следните теми:
– улогата на мајките во правилната нега и исхрана на доенчињата и малите деца,
– превенцијата на рахитисот и рано откривање
– превенцијата на повредите и забниот кариес
– имунизација и нејзино значење
– особености на најчестите заболувања кај доенчиња и превенција
– физички активности кај предшколски деца
2.Приоритети и активности кои се однесуваат на возрасната група, училишни деца и младина 7-19год.
Здравствено воспитните активностите на ЦЈЗ Битола се во соработка со: здравствените работници во службата која спроведува здравствена заштита на училишни деца и младина, психолози, педагози во образовните установи.
Здравствено воспитната активност ќе биде насочена кон следните здравствени проблеми :
– болести на зависност-алкохолизам,пушење и наркоманија;