Меѓународен ден на старите лица – 1 октомври
Секоја година, на 1 октомври, се одбележува Меѓународниот ден на старите лица, со цел да се истакне значењето на достоинството, здравјето, благосостојбата и активното учество на постарите лица во општеството.
Меѓународниот ден на старите лица оваа година Обединетите нации, под мотото „Ерата на долговечноста: Преиспитување на системите за подолг живот“ (The Age of Longevity: Rethinking Systems for Longer Lives) ги повикува владите, граѓанското општество, приватниот сектор, истражувачите и самите возрасни лица да размислат како општествата можат да обезбедат повеќе години живот да бидат исполнети со здравје, продуктивност, достоинство и еднакви можности за сите.
Човештвото денес живее подолго од кога било. Очекуваното траење на животот континуирано се зголемува повеќе од седум децении, но разликата помеѓу очекуваното траење на животот и очекуваното траење на животот во добро здравје во 2019 година изнесувала 9,6 години, што ја одразува зголемената оптовареност со незаразни заболувања.
Подолгиот живот има влијание врз здравствените системи, пазарот на трудот, социјалната заштита, образованието, домувањето и одржливоста на јавните финансии. Затоа, овие прашања треба да се разгледуваат интегрирано, со цел подолгиот живот и подобар квалитет на живот.
Мадридскиот меѓународен акциски план за стареењето, усвоен во 2002 година, и понатаму претставува основа на меѓународните напори за унапредување на положбата на возрасните лица. Овогодишното одбележување поттикнува заеднички напори за создавање општества во кои подолгиот живот ќе биде проследен со здравје, достоинство, автономија и еднаквост.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола го честита Меѓународниот ден на старите лица – 1 Октомври, со желба за здравје, достоинство и квалитетен живот во секоја возраст.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола
Одделение за социјална медицина
Референци
x
|
1. |
United Nations. International Day of Older Persons [Internet].; New York: United Nations; 2026 [cited 2026 Sep. 30]. Available from: https://www.un.org/en/observances/older-persons-day. |
