Општи и посебни препораки за граѓаните за време на топлотен бран


Општи препораки за сите граѓани:

⦁ Останете во затворен простор

⦁ Престојувајте во климатизирани или проветрени простории, особено за време на најтоплиот дел од денот (11:00 – 17:00 часот).

⦁ Избегнувајте директно сонце

⦁ Не излегувајте без потреба, особено старите лица, децата и хронично болните.

⦁ Пијте доволно течности

⦁ Најмалку 1.5 – 2 литри вода дневно, дури и кога не чувствувате жед.

⦁ Избегнувајте алкохол, кофеин и засладени пијалаци.

⦁ Носете соодветна облека

⦁ Светла, лесна, широка и памучна облека; носете капа и очила за сонце при излегување.

⦁ Јадете лесна храна

⦁ Препорачлива е свежа, незачинета и лесна храна, богата со овошје и зеленчук.

⦁ Одржувајте хигиена и свежина

⦁ Почесто туширање со млака вода или мокри пешкири за ладење на телото.

Посебни препораки за ризични групи: 

За стари лица и хронично болни:

⦁ Редовно проверувајте ги постарите лица ,особено ако живеат сами.

⦁ Земете ги редовно пропишаните лекови и следете ги упатствата од вашиот лекар.

⦁ Избегнувајте физички напор и останете во сенка или климатизирана просторија.

⦁ Следете ги сопствените симптоми – секоја вртоглавица, малаксаност или главоболка може да биде знак на топлотен удар.

За родители и деца:

⦁ Никогаш не оставајте деца во затворено возило, дури ни за кратко.

⦁ Обезбедете редовен внес на течности и лесна облека.

⦁ Ограничете играње и физичка активност на отворено во најтоплите часови.

Осигурете се дека има сенка, капа, заштита од сонце и доволно вода.

За работници на отворено:

⦁ Организирајте ја работата во утринските и доцните попладневни часови. Избегнувајте напорни активности на пладне.

⦁ Носете заштитна, но лесна облека, капа и користете крем со заштитен фактор.

⦁ Правете редовни паузи во сенка или во разладен простор и пијте вода на секои 20–30 минути.

Што да не се прави:

⦁ Не оставајте деца, стари лица или животни во затворено возило, дури и кога е “само за момент”.

⦁ Не се изложувајте на физички напор во најжешкиот дел од денот.

⦁ Не јадете тешка, мрсна и зачинета храна – тоа може да го зголеми телесното загревање.

Во случај на симптоми на топлотен удар:
⦁ Препознајте ги симптомите:
Главоболка, вртоглавица, мачнина, забрзано чукање на срцето, покачена телесна температура, црвена и топла кожа.
⦁ Како да постапите:
Преместете ја личноста на ладно и проветрено место, дајте ѝ вода и обидете се да ја оладите со млака вода или мокра крпа.
Веднаш повикајте медицинска помош!