Светски ден на контрацепцијата 26 Септември

Контрацепцијата се однесува на методите и средствата што се користат за спречување на бременост.

На глобално ниво, секоја година се извршуваат околу 73 милиони индуцирани абортуси. Шест од десет (61%) од сите неочекувани бремености и три од десет (29%) од сите бремености завршуваат со абортус.(1)

Глобалните проценки од 2010 до 2014 година покажуваат дека 45% од сите индукциони абортуси се небезбедни. Од сите небезбедни абортуси, една третина се извршени во небезбедни услови, односно од непрофесионалци кои користат опасни и инвазивни методи. Повеќе од половината од овие небезбедни абортуси се случиле во Азија, најмногу во јужна и централна Азија. Во Латинска Америка и Африка, мнозинството (приближно 3 од 4) од сите абортуси биле небезбедни. Во Африка, речиси половина од сите абортуси се извршени во најнебезбедни околности.(2)

Небезбедниот абортус е важна причина за смрт и морбидитет (болести) кај мајките што може да се спречи. Тоа може да доведе до физичко и ментални здравствени компликации и социјални и финансиски оптоварувања за жените, заедниците и здравствените системи.(3)

Физички здравствени ризици поврзани со небезбедниот абортус вклучуваат:

  • Неполн абортус (неуспех да се отстрани или исфрли целото ткиво од бременоста од матката);
  • Хеморагија (тешко крварење);
  • Инфекција;
  • Перфорација на матката (кога матката се пробива со остар предмет);
  • Повреди на гениталниот тракт и внатрешните органи како последица на внесување опасни предмети во вагината или анусот.

Методите и средства кои се користат за да се спречи несаканото забременување може да се поделат на неколку основни категории:

1.      Бариерачки методи: како што се кондоми, кои спречуваат сперматозоидите да влезат во матката.

2.      Хормонски методи: вклучуваат контрацептивни пилули, фластери и инекции, кои го регулираат хормоналниот баланс и го спречуваат овулацијата.

3.      Внатрешни маточни средства (ВМС): уреди кои се вметнуваат во матката и спречуваат оплодување или имплантација на јајцеклетката.

4.      Стерилизација: хируршки методи, како вазектомија кај мажите или преврзување на маточните туби кај жените, кои нудат трајна контрацепција.

5.      Природни методи: вклучуваат следење на менструалниот циклус и воздржување од сексуални односи во фертилни (плодни) денови

По повод денот на контрацепцијата ЈЗУ Центар за јавно здравје Битолазаедно со педагошко -психолошките службиодсредните училишта во континуитетспроведува едукативни предавање на тема “Видови на контрацепција”.

Референци

1.

Bearak J, Popinchalk A, Ganatra B, Moller A-B, Tunçalp Ö,
Beavin C et al. Unintended pregnancy and abortion by income, region, and
the legal status of abortion: estimates from a comprehensive model for
1990–2019. Lancet Glob Health. 2020 Sep; 8(9):e1152-e. [Online]. Available
from:
DOI:
10.1016/S2214-109X(20)30315-6
.

2.

Ganatra B, Gerdts C, Rossier C, Johnson Jr B R, Tuncalp
Ö, Assifi A et al. Global, regional, and subregional classification of
abortions by safety, 2010–14: estimates from a Bayesian hierarchical model.
The Lancet. 2017 Sep. [Online].

3.

Ganatra B, Tunçalp Ö, Johnston H, Johnson BR, Gülmezoglu
A, Temmerman M. From concept to measurement: Operationalizing WHO’s
definition of unsafe abortion. Bull World Health Organ 2014;92:155;
10.2471/BLT.14.136333. [Online].