Светски ден на крводарителите – 14 јуни

 

 Секоја година на 14 јуни, светот се обединува за да го одбележи Светскиот ден на крводарителството, како глобално признание за милионите доброволни, неплатени дарители на крв чијашто великодушност секојдневно спасува животи. Нивниот придонес е од суштинско значење за здравствените системи насекаде, нудејќи им поддршка на пациентите за време на итни случаи, породувања, хируршки зафати, лекување на рак и доживотна нега за многу сериозни состојби.

Овогодинешната кампања „Една капка хуманост. Дари крв. Спаси животи.“ ја става хуманоста во срцето на секое дарување крв. Таа не потсетува дека секое дарување е повеќе од медицински чин: тоа е моќен израз на солидарност, сочувство и колективна одговорност. Инспирирана од идејата дека целото човештво може да се отслика во една единствена капка, кампањата нагласува како секој дарител помага да се создаде линија на животот која не поврзува и не штити сите нас.

Иако напредокот во науката, тестирањето и системите за безбедност на крвта ја направија трансфузијата побезбедна од кога било, обезбедувањето безбедна крв и понатаму зависи од луѓето кои се подготвени редовно и доброволно да даруваат. Сепак, многу земји сè уште се соочуваат со недостиг и нееднаков пристап до безбедна крв и крвни деривати, особено во земјите со низок и среден доход.

Целите на овогодишната кампања се:

  • да се поттикне одржлив раст на редовното, доброволно и неплатено крводарителство ширум светот;

  • да се подигне свеста за живото спасувачкото влијание на дарувањето крв и плазма;

  • да се истакне виталниот придонес на крводарителите и да се промовираат вредностите на солидарност и хуманост; и

  • да се охрабрат владите и партнерите да ги зајакнат и да инвестираат во националните програми за крв за да се постигне универзален пристап до безбедна трансфузија на крв.

Заедно, можеме да помогнеме да се осигура дека безбедна крв ќе биде достапна за секого, насекаде и секогаш кога е потребна.[CITATION WHOKrvodar2026 \l 1033 ]

Референци

x

1.

World Health Organization. World Blood Donor Day 2026 [Internet].; Geneva: World Health Organization; [cited 2026 Jun 12]. Available from: https://www.who.int/campaigns/world-blood-donor-day/2026.

🩸 Дари крв. Спаси животи. Овогодинешната кампања „Една капка хуманост“ не потсетува дека целото човештво може да се отслика во само една капка крв. Со секое доброволно дарување, ти стануваш дел од линијата на животот која нè поврзува и нè штити сите.

Приклучи се и ти на 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството. Твојата капка прави разлика! ❤️

#WorldBloodDonorDay #Хуманост #Крводарителство

#Крводарителство