Светски ден на оралното здравје
Центарот за Јавно Зравје Битола и оваа година ќе придонесува за ширеше на свеста за оралното здравје и хигиена.
Светскиот ден на оралното здравје не потсетува дека никогаш не смее да се прави компромиси со хигиената на устата и забите. Оралното здрвје е исто толку важно како и општото здравје.Тоа помага да одржите здрава уста, здрави непца и заби.Помага да се одржат и здравите насмевки. Овогодишната темата “СРЕЌНА УСТА Е…..СРЕЌНО ТЕЛO” ,
ја нагласува меѓусебната поврзаност помеѓу оралното здравје и целокупната благосостојба, нагласувајќи дека грижата за нашата уста придонесува за нашето целокупно здравје. Нашите заби се многу драгоцени и не смееме да ги изгубиме за да сфатиме колку ни се важни.
Совети за добро орално здравје:
Редовно мијте ги забите, два пати на ден
Посетете стоматолог на секој 6 месеци и направете преглед на устата
Избегнувајте пркумерна употрба на тутун и прекумерен алкохол
Јадете здрава и урамнотеќена хранабогата со овошје и зеленчук
Избегнувајте прекумерно внесување на рафинирани шеќерни намирници како колачи и бомбони.
Лошото орално здравје не само што може да доведе до орални заболувања, туку и големи здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетес мелитус, мозочен удар, респираторни проблеми и предвремено породување кај бремени жени.
Оралните заболувања засегаат милијарди луѓе ширум светот, особено во земји со низок приход. Најчестите проблеми вклучуваат кариес, пародонтални заболувања, губење на забите и орален карцином. Недостатокот на пристап до услуги за орално здравје, како и несоодветната исхрана со високи нивоа на шеќер и рекламата за несоодветни производи, допринесуваат за овие проблеми.
Расипување на забите (забен кариес)
Настанува кога на површината на забот се создава плака, од слободните шеќери во храната и пијалоците кои се претвораат во киселини. Овие киселини со текот на времето ги оштетуваат забот. Непрекинатото изложување на високи количини слободни шеќери, недостатокот на флуор и недостатокот на четкање за отстранување на наслагите може да доведат до кариес, болка и, понекогаш, губење на забите и инфекции.
Парадентоза (пародонтитис)
Најчесто настанува поради инфекција на потпорните ткива што го прицврстуваат забот во коската, а болеста ја карактеризира појавата на пародонтален џеб. Во потпорниот апарат на забот спаѓаат неколку ткива кои се афектирани од пародонтопатијата: гингивата, перидонталниот лигамент, цементот и коската. Болеста се карактеризира со крварење или отечени непца, болка и понекогаш лош здив. Во понапредна форма, гингивата може да се оддели (повлечи) од забот и поддржувачката коска,предизвикувајќи расклатување на забите и можно нивно паѓање. Проценките покажуваат дека тешките облици на пародонтитис се застапени со 19% од глобалната возрасна популација, што претставува повеќе од 1 милијарда случаи ширум светот. Главните фактори на ризик за пародонтитис се лошата орална хигиена и употребата на тутун.
Прв и основен фактор за развојот на пародонталната болест е присуството на наслаги во кои опстојуваат милиони бактерии, доколку наслагите не се отстрануваат редовно и темелно бактериите го уништуваат спојот на забот со коската.
Целосно губење на забите
Загуба на заби е крајната точка на оралните заболувања, напреднат забен кариес и тешка форми на пародонтитис, но како причина се вклучуваат и повредите на забите. Глобално, просечната застапеност е околу 7% кај лицата на возраст од 20 години и повеќе, а за оние на возраст од 60 години и повеќе, застапеноста изнесува 23%. Губењето на забите може да има функционални, психолошки, социјални последици.
Рак на устата (Орален канцер)
Оралниот канцер вклучува и други делови од устата и орофаринксот и заедно се класифицира како 13-тиот најчест канцер во светот. Инциденцијата (глобално) на канцерите на усната и оралната шуплина се проценува на 377 713 нови случаи и 177 757 смртни случаи во 2020 година. Оралниот канцер е почест проблем кај мажите и кај постарите луѓе, погубен е за мажите споредено со жените и силно варира според социоекономските состојби. Тутунот, алкохолот се меѓу водечките причини за оралниот канцер. Во Северна Америка и Европа, инфекциите со хуман папиломавирус се одговорни за растечки процент на орални канцери кај младите луѓе.
Оро-деталната траума
Оро-деталната траума (повреда) настанува како резултат на повреда на забите, устата и оралната шуплина. Последните процени покажуваат дека околу 1 милијарда луѓе се засегнати, со преваленција од околу 20% кај децата до 12 години. Оро-денталната траума може да биде предизвикана од небезбеднизабавни детски паркови, ризично однесување, патни несреќи и насилство. Лечењето е скапо и трајно, може да доведе до з промениналикот, психолошкиот развој и квалитетот на живот.
Клучни факти
• Се проценува дека оралните болести ги засегаат скоро 3,5 милијарди луѓе.
• Глобалниот извештај за состојбата на оралното здравје на СЗО(2022) процени дека оралните болести погодуваат близу 3,5 милијарди луѓе ширум светот, а 3 од 4 заболени луѓе живеат во земји со среден приход.На глобално ниво, околу 2 милијарди луѓе страдаат од кариес на трајните забии 514 милиони деца страдаат од кариес на млечните заби.
• Лекувањето на состојби поврзани со оралното здравје е скапо и обично не е дел од универзалната здравствена покриеност (УЗП). Повеќето земји со низок и среден приход немаат доволно услуги достапни за превенција и третман на состојби на оралното здравје.
• Образовни кампањи, подобрување на пристапот до здравствени услуги и регулација на рекламата може да помогнат во намалување на влијанието на овие состојби врз јавното здравје.
• Нееднаквости во оралното здравје. Оралните болести непропорционално ги погодуваат сиромашните и социјално загрозените членови на општеството.Постои многу силна и конзистентна поврзаност помеѓу социоекономскиот статус (приход, занимање и образовно ниво) и распространетоста и сериозноста на оралните болести
Превенција
Тежината на оралните болести и другите незаразните болести може да се намали преку интервенции во јавното здравство со решавање на заедничките фактори на ризик.
Тие вклучуваат:
• Образовни кампањи, подобрување на пристапот до здравствени услуги и регулација на рекламата може да помогнат во намалување на влијанието на овие состојби врз јавното здравје
• промовирање на добро балансирана исхрана со ниска содржина на слободни шеќери и богата со овошје и зеленчук, и фаворизирање на водата како главен пијалак;
• прекин на употребата на сите форми на тутун, вклучително и џвакање на Арека ореви;
• намалување на потрошувачката на алкохоли;
• поттикнување на употреба на заштитна опрема при спортување и патување со велосипеди и мотоцикли (за да се намали ризикот од повреди на лицето) ;
• Соодветната изложеност на флуор како суштински фактор во спречувањето на забен кариес. Треба да се поттикнува миењето на забите двапати дневно, со паста за заби што содржи флуор (1000 до 1500 ppm).
Одговор на СЗО
На 74-тото Светско здравствено собрание во 2021 година, се одобри Резолуција за орално здравје. Резолуцијата препорачува промена во традиционалниот начин на лекување.Пристапот кон превенција вклучува унапредување на оралното здравје во семејството, училиштата и работните места и вклучува навремена, сеопфатна и инклузивна грижа во системот на примарната здравствена заштита. Резолуцијата потврдува дека оралното здравје треба да биде цврсто вградено во агендата за НЗБ и дека интервенциите за орална здравствена заштита треба да бидат вклучени во програмите за универзално здравствено покривање.
Во 2022 година, Светското здравствено собрание ја усвои глобалната стратегија за орално здравје со визија за универзално здравствено покривање за оралното здравје за сите поединци и заедници до 2030 година