„Don’t Miss a Beat – Не пропуштај отчукување“
Срцевите и кардиоваскуларни заболувања се водечки причинител на смртност во светот, одземајќи 20,5 милиони животи годишно.
Знаете ли дека:
1 од 3 смртни случаи се случуваат пред 70-та година
85% се резултат на срцев или мозочен удар
75% од смртните случаи се случуваат во земји со ниски и средни приходи
Кардиоваскуларните болести ги засегаат срцето и крвните садови, а ризикот од нив расте со:
висок притисок
дебелина
нездрава исхрана
пушење
дијабетес
стрес
физичка неактивност
Според извештајот на World Heart Federation – 2025, дебелината е главен двигател на срцевите болести, особено кај младите. Децата со висок BMI имаат 40% поголем ризик да развијат срцеви болести подоцна во животот.
ШТО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ?
Здрава и разновидна исхрана
Редовна физичка активност
Контрола на крвен притисок, шеќер и холестерол
Без тутун и штетен алкохол
Проверувај ги своите „бројки“ – тоа може да ти го спаси животот!
По повод Светскиот ден на срцето, денес (01.10.2025), ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, во соработка со Општински Сојуз на училишен спорт – Битола, традиционално организира крос натпревар во Градскиот парк. Се натпреваруваа ученици од основните и средните училишта од општина Битола, а најдобрите добија дипломи за освоено I, II и III место!
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола

