Светскиот ден на здравјето

“ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ЗДРАВЈЕ И НАМАЛУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ТРОШОЦИ ОД ЏЕБОТ СПАСУВА ЖИВОТИ”

Центарот за Јавно здравје Битола се приклучува кон одбележување на Светскиот ден на здравјето 07 АПРИЛ, кој оваа 2023 година се одбележува под мотото

 „Здравје за сите, здравје насекаде“.

75-годишнината на СЗО е можност да се навратиме на успесите во јавното здравство кои го подобрија квалитетот на животот во последните седум децении. Тоа е исто така можност да се мотивира акција за справување со здравствените предизвици на денешницата и утре.

ФАКТИ кои не треба да се забораваат:

  1.Успехот мора да се мери според благосостојбата на луѓето и здравата средина.

            2.Премин од економии водени од профит и загадување, кон економии водени од правичност и благосостојба.

    3.Вклучување  поттикнување на поединците, семејствата и заедниците за зголемено социјално учество и зголемена грижа за себе во здравјето. Обезбување информираност и активно учество, со луѓето во центарот на здравствените одлуки и резултати.

4.Правото на здравје е основно човеково право. Секој мора да има пристап до здравствените услуги што му се потребни било кога и било каде, без финансиски                                     тешкотии

  5.КОВИД-19 и другите здравствени итни случаи, преклопувачките хуманитарни и климатски кризи, економските ограничувања и војната, го направија патувањето на секоја земја до “Здравје За Сите” по итно.

6.Сега е време лидерите да преземат акција за да ги исполнат своите заложби за универзално здравствено покривање a граѓанското општество да бара одговорност од лидерите.

  7.Зајакнување на интегрираните национални здравствени системи користејќи пристап до Примарна Здравствена Заштита, со цел да се испорачаат  суштински квалитетни услуги со финансиска заштита, со програмирање ориентирано кон правичност, родово чувствително и засновано на право да се допрат и да се ангажираат оние на кои им е најголема потребата да се подобри здравјето и благосостојбата.

Сето ова значи дека фокусот треба  биде ставен на подигнување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите, со обезбедување на пристап и можности за секој и секаде, на дигнитетот на здравствените работници, на подобрување на инфраструктурата на постојните објекти, инвестиција во капитални објекти, промена на легислативата, реформа во начинот на здравствено осигурување и на целосна електронска интеграција на сите јавни здравствени установи.

Здравствената заштита опфаќа спроведување на мерки за зачувување и подобрување на здравјето на граѓаните, превенција, сузбивање и рано откривање на болести, повреди и други здравствени нарушувања и навремено и ефикасно лекување и рехабилитација.

Десет најголеми достигнувања во јавното здравство:

Намалување на смртноста на децата и мајките.

Намалување на болестите што може да се спречат со вакцини.

Пристап до безбедна вода и канализација.

Превенција и контрола на маларија.

Превенција и контрола на ХИВ/СИДА.

Контрола на туберкулоза.

Контрола на запоставени тропски болести.

Контрола на тутунот.

Зголемена свест и подобрување на глобалната безбедност на патиштата.

Подобрена подготвеност и одговор на глобалните здравствени закани.
За „здравје за сите“ да стане реалност, ни треба:

-Поединци и заедници кои имаат пристап до висококвалитетни здравствени услуги, за да можат да се грижат за своето здравје и здравјето на нивните семејства;

-Квалификувани здравствени работници кои обезбедуваат квалитетна здравствена заштита, фокусирана на луѓето; и

-Креаторите на политики кои ќе се обврзат да инвестираат во универзална здравствена покриеност.

Со  анкета како алатка имаме  можност да ја споделиме нашата експертиза и да видиме што функционира, а што не, кога станува збор за пристап до Универзална здравствена покриеност.Затоа ќе работиме и ќе се заложиме за подобро здравство во интерес на сите.