СООПШТЕНИЕ: ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНИТЕ ДЕМИР ХИСАР, МОГИЛА И НОВАЦИ

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола известува дека во септември 2025 година ќе се спроведе втората фаза од превентивната систематска дератизација, како општа противепидемиска мерка за заштита на здравјето на населението. 

Термини и општини каде ќе се изведува дератизацијата:

 Демир Хисар – 25 и 26 септември 2025 година

 Могила – 29 септември 2025 година

 Новаци – 30 септември 2025 година

Опфат на активностите:

 Дератизација на подземните канализациски системи во општините;

 Канализациони системи на објекти од јавен интерес:

o Детски градинки и центри за ран детски развој

o Воспитно-образовни институции (основни училишта)

o Здравствени установи и амбуланти

o Локални институции (општински згради, пошта, полиција)

 Јавни површини и депонии каде е утврдено присуство на глодари.

Метод на работа:

Активностите ќе се спроведуваат со поставување на родентицидни парафински блокови (отровни мамци) во канализациони шахти и ризични зони.

Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација. На терен ќе работат екипи од Одделот за ДДД при Центарот за јавно здравје – Битола, во соработка со локалните комунални претпријатија. Екипите ќе бидат обележани и соодветно обезбедени со предупредувачки знаци, со цел заштита на граѓаните.

Контакт: За повеќе информации граѓаните можат да се обратат во Центарот за јавно здравје – Битола: 047 208-100 / 047 208-120 

Битола, 22.09.2025 година