Светска недела за подигнување на свеста за антимикробна резистенција 2025
„Делувајте сега: Заштитете ја нашата сегашност, осигурајте ја нашата иднина“
Што може да направите:
Користете антибиотици одговорно
Земајте лекови само по препорака на лекар.
Никогаш не делете или не користете антибиотици од претходна терапија.
Завршете ја целата терапија, дури и ако се чувствувате подобро.
Практикувајте добра хигиена
Миење раце, чиста вода и безбедна храна го намалуваат ризикот од инфекции.
Информирајте се и едуцирајте ги другите
Споделувајте точни информации за АМР со семејството, пријателите и заедницата.
Поддржете одговорни практики во земјоделството и животната средина
Купувајте безбедна и проверена храна.
Поттикнувајте одржливо користење на лекови за животни и заштита на екосистемите.
Зошто е важно?
Со овие едноставни чекори можеме да:
Го зачуваме делувањето на антибиотиците и другите лекови
Го заштитиме здравјето на семејството и заедницата
Обезбедиме посигурна и поздравa иднина за сите
Делувајте сега – заштитете го Вашето здравје и иднината на следните генерации.
