Известување за почеток на втора ларвицидна фаза ДЕЗИНСЕКЦИЈА во општините Битола, Могила и Новаци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Советот на Општините Битола, Новаци, Могила за спроведување на систематска дезинсекција, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола известува:

Во месец јули 2025 година, ќе се спроведе втората ларвицидна превентивна дезинсекција (од земја) на територијата на општините Битола, Могила и Новаци, како дел од планот за контрола на популацијата на комарци со цел уништување на ларвните облици на комарците.

Термини на спроведување:
Битола: 3.7.2025 (четврток)
Могила и Новаци: 7.7.2025 (понеделник)

Запрашувањето ќе севрши во предпладневните часови, со УЛВ ладно запрашување со апаратура поставена на пикап-возило.

Ќе бидат опфатени:
– застојни води, бари и мочуришта,
– одводни канали и води под вегетација,
– локации во градските и приградските подрачја идентификувани како ризични за развој на ларви од комарци, предвидени со оперативните планови и
програми.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер, дожд) дезинсекцијата се одложува за слениот поволен ден.

За дополнителни информации и прашања можете да се обратите во Центарот за јавно здравје – Битола на телефон: 047 / 208-100