Од 11.04.2018 година Центарот за јавно здравје-Битола во соработка со Општина Битола и ЈП Комуналец – Битола започна со изведување на превентивната систематска дератизација на Општина Битола планирана за периодот 2017/2018 година.
Со акцијата се планира да бидат третирани околу 3800 шахти од подземниот канaлизациски систем со ревизионите и подземните шахти со акцент на објекти од посебен јавен интерес како училишта, детски градинки, домови за сместување на средношколска и студентска младина, домови за згрижување на стари лица, медицински установи, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа итн.
Дератизацијата ја спроведуваат 3 стручни тимови на Отсекот за ДДД при Центарот за јавно здравје Битола и истата ќе се спроведува во временска рамка од 10 до 15 дена, во зависност од условите за работа на терен. Во составот на тимовите се вклучени и работници на ЈП Нискоградба кои стопанисуваат со канализационата мрежа на Општината.
Контролата врз спроведувањето на дератизацијата ја вршат претставници на Одделението за комунална инспекција и инспекција на животна средина на Општина Битола.
Континуираното спроведување на превентивната систематска дератизација претставува релевантна мерка за подобрување на хигиено-епидемиолошката состојба во Општината, заштита на населението и отстранување на ризикот од појава и ширење на болести кои ги пренесуваат глодарите.