Центарот за јавно здравје Битола, по препорака на Интернационалната асоцијација за дијабет (IDF), Светскиот ден на шеќерната болест го одбележува секоја година на 14 Ноември. Оваа година мотото е “Дијабетот и семејството”.
Целта е да се подигне свеста за влијанието на шеќерната болест на семејството на заболените лица. Да се укаже на важноста на членовите на семејството во згрижување и лекување на заболените, потребата од едукација на семејството и заболените, како и значењето на превенцијата.
ФАКТИ ЗА ДИЈАБЕТОТ
- Во Светот 425 милиони возрасни имаат дијабет
- Бројот на лица со дијабет се очекува да порасне до 522 милиони во 2030 година
- Еден од двајца луѓе со дијабет се неоткриени (212 милион)
- 3 од 4 лица со дијабет се од неразвиените или средно развиените земји во светот
- Околу 1 милион деца и адолесценти имаат дијабет тип 1
- Во 1 од 6 породувања имало повисок шеќер во крвта во бременоста.
- 327 милиони луѓе со дијабет се на средна возраст
- Дијабетот предизвикал 4 милиони умирања во 2017 година и повеке од половина биле помлади од 60 год.
Повеќето заболувања од дијабет се однесуваат на дијабет тип 2, кој во 80% случаи може да се спречи ако се променат животните навики.
Бидејки 1 од 2 заболени од дијабет нема поставена дијагноза, рано откривање и лечење се клучни во превенција на бројни компликации од дијабет.
[columns] [span6]
РИЗИК ФАКТОРИ
Шекерната болест тип 1 не се превенира за разлика од дијабетот тип 2 на кој освен генетските фактори во голема мера влијаат факторите на околината. Седечкиот начин на живот, смалената телесна активност, особено во урбани средини, наметнуваат потреба од поголема физичка активност и тоа 30-45 мин на ден, најмалку 3 пати неделно.
Брзата, нездрава,процесирана храна е исто така ризик фактор. Да се избегнуваат засладени сокови, не повеќе од 3 оброци на ден, без заситени масти, поголем внес на овошје и зеленчук.
[/span6][span6]
[/span6][/columns]
УЛОГАТА НА СЕМЕЈСТВОТО
Прехрамбените навики се здобиваат во детството, па затоа е потребна едукациј на семејството за да потикнуваат здрави прехрамбени навики кај младите со што би се смалил ризикот од заболување.Рано препознавање на знаците и симптомите на шеќерната болест,кај член од семејството, може да овозможи рано упатување на лекар и правовремено поставување на дијагноза и превенција на компликациите. Семејството треба да има знаење и разбирање како да помогне за променат на животните навики, начинот на исхрана и однесување кон сопственото здравје и здравјето на заболен член од семејството. Симптоми и знаци кои упатуваат дека Вие или друг член од семејството боледува од дијабет: поголема жед, зачестено мокрење, зголемена глад, замор, заматен вид, поспоро зарастување на рани, намален осет и трпки во раце и стапала.
Прочитајте повеќе на следниот линк.
изготвилe:
Одделение за социјална медицина
Центар за јавно здравје Битола