Превентивна систематска дезинсекција на Општина Битола

Територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје Битола е некогашно ендемско подрачје на маларијата, богато со вегетација, водени ресурси (повремени и стални), стоечки води (бари, канали, акомулации и сл), во кои се одвива првиот стадиум од животниот циклус на комарците. и кои се идеални места за нивни развој.

Топлото време, како и честите поројни врнежи укажуваат на потребата од навремено, рационално и долгорочно спроведување на мерки за следење на дистрибуцијата на комарците како вектори и ставање под контрола на истите, а со цел заштита на здравјето на населението, спречување на ширење на болести кои ги пренесуваат вектори.

Напоменуваме дека првиот случај на западнонилска треска во Македонија е регистриран во август годинава, кај лице кое не ја напуштило државата, а со вирусот кој го пренесуваат комарците најверојатно се заразило пред еден месец на излет во планина, покрај езеро.

[columns] [span6]

Затоа, со цел успешно справување со комарците и останатите вектори, екипи од отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола редовно ги спроведуваат активностите предвидени со Програмите за превентивна систематска дезинсекција на општините во регионот.

Во периодот Јуни-Септември, согласно предвидената динамика успешно се реализирани Програмите за превентивна дезинсекција во три фази, а во Општината Битола во периодот од 02.09.2019 до 05.09.2019 год се спроведува и четвртата-последна фаза од теристичката (од земја) дезинсекција.

[/span6][span6]

11845231_10153560666473988_1791589137788033550_o[/span6][/columns]

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи  друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции. Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *