Трета фаза на дезинсекција на Општините Битола, Могила и Новаци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуките на Советите на општините Битола, Могила и Новаци за спроведување на превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:

Ве известуваме дека во периодот од 20.08.2018 (понеделник) до 24.08.2018 год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ТРЕТАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи  друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општината.

На територијата на Општините Могила и Новаци дезинсекцијата ќе се спроведува во деновите 20.08.2018 (понеделник) и 21.08.2018 (вторник).

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите,  здравствените институции, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 208-100, 208-101.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *