Под мотото „Моето срце… Твоето срце“ одбележен е 29 Септември 2018 – Светскиот ден на срцето.
Центарот за јавно здравје-Битола со своите активности, преку пропагандни материјали и предавања, повикува сите да се придружат кон светското движење за здраво срце.
Само мали промени во животниот стил, откажување од цигарите, правилна исхрана и 30 минутна физичка активност дневно можат да помогнат во превенција на болестите на срцето и крвните садови, кои според Светската федерација за срце се водечки причини за смртност и одземаат 17.5 милиони животи годишно.
Дадете го своето ветување за овие промени ДЕНЕС:
За моето срце…За твоето срце…ЗА СИТЕ СРЦА!
[columns] [span4]
[/span4][span4]
[/span4][span4]
[/span4][/columns]
Прочитајте повеќе и дадете го своето ветување на www.world-heart-federation.org/world-heart-day/promise/