СОСТОЈБА СО ГРИП / ИНФЛУEНЦА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ-БИТОЛА (февруари 2020)

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Во текот на месец февруари 2020 година (од 6-та до 9-та недела) во Битола пријавени се 1261 лице со симптоми на грип. Во текот на истиот период минатата сезона (2018/19), во Битола беа пријавени 968 лица со симптоми на грип, што значи бројот на заболени лица оваа сезона е зголемен за 30% во однос на истиот период минатата сезона. Вкупниот број на заболени лица (од 40-та недела до 9-та недела) изнесува 1447 лица.

 Во текот на 9-тата недела (24.02.2020-01.03.2020) во Битола пријавени се 411 лица со грип со инциденција од 405,8 на 100.000 жители. Регистрираната инциденца за 9-та недела е над неделната граница на многу висока активност на вирусот на грип, согласно МЕМ моделот (Moving epidemic method) за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип.

Во Република С. Македонија во текот на 9-та недела, пријавени се 4946 лица со грип со инциденција од 239 на 100.000 жители, што е намалување за 12,5% во споредба со минатата 8-ма недела. Регистрираната инциденца во 9- та недела е во рамките на средна активност на вирусот на грип, согласно МЕМ моделот за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип

Минатата сезона (2018/19), во Битола вкупно беа регистрирани 1428 лица со грип. Најголем број на заболени лица беа регистрирани во месец февруари односно 70% од вкупниот број на заболени лица од сезоната 2018/19 ( график 1).

Grip022020

График 1. Неделна дистрибуција на заболените од грип во Битола, сезона 2018/19 и сезона 2019/20

На останатата територија на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола во текот на месец февруари:

  • Во Демир Хисар има пријавено 19 заболени лица со симптоми на грип додека во истиот период минатата сезона имаше пријавено 20 заболено лице.
  • Во Ресен има пријавено 213 лица со симптоми на грип, додека во истиот период минатата сезона имаше пријавено 214 лица со симптоми на грип.
  • Во Кичево во месец февруари 2020 има пријавено 387 лица, додека во истиот период минатата сезона имаше пријавено 380 лица со симптоми на грип.

Во текот на минатата сезона во Кичево беа пријавени вкупно 649 лица, Ресен 253 лица, а во Демир Хисар 21 лице со симптоми на грип.

Во текот на месец март се очекува намалување на бројот на заболени лица од грип.

 

                                                                                      Одделение за епидемиологија

                                                                                      ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *