ИЗВЕСТУВАЊЕ 18.12.2020 год. (нов пунктот за брзи антигенски тестови)

Ве информираме дека од 23.12.2020 год. (среда) се става во функција нов пункт за брзи антигенски тестови за SARS CoV-2 кој е на нова локација, во просториите на Месната заедница Панде Кајзерот , во близина на зградата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.Просторот и тестовите се обезбедени од Општина Битола и истите се бесплатни за граѓаните. Закажувањето на термин за брзи тестови за докажување на антиген за SARS CoV-2 во брис се прави преку матичен лекар во системот ,, мој термин,,. Работното време во пунктот ќе биде од понеделник до петок, од 12:00 до 16:30 часот. Планирано е дневно да се обезбедуваат по 30 термини за тестирање.Пунктот за PCR тестирања и понатаму останува да функционира во Амбулантата на ОУ Даме Груев, како и досега.Односно сега ќе бидат во функција три пунктови и тоа:1. Амбулантата на ОУ Даме Груев, како и досега -PCR тестирање2. Месна заедница Панде Кајзерот во близина на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола- брз антигенски тест3. Дом за народно здравје – брз антигенски тестЈЗУ Центар за јавно здравје Битола