14 Ноември-Светски ден на шеќерната болест

Секоја година, на 14 Ноември во светот се одбележува Светскиот ден на шеќерната болест – World Diabetes Day (WDD), како потреба, поради  растечките проблеми од компликациите од шеќерната болест, здравствен проблем кој се однесува на болниот, на неговото семејство и заедницата во целина.

[columns] [span8]

Оваа 2018 година  мотото  е “ДИЈАБЕТЕСОТ ГО ЗАСЕГА СЕКОЕ СЕМЕЈТВО” со цел да се насочи  вниманието на сите членови од семејството  кон рано забележување на предупредувачките знаци за дијабет во семејството.

Во моментов над 425 милиони луѓе живеат со дијабетес. Повеќето од овие случаи се дијабетес тип 2, кој во голема мера може да се спречи преку редовна физичка активност, здрава и урамнотежена исхрана и промовирање на здрави услови за живеење. Семејствата имаат клучна улога во решавањето на модифицираните фактори на ризик за дијабетес тип 2, и мора да бидат обезбедени  образование, ресурси и средини за да живеат здрав начин на живот.

[/span8][span4]

diabetes

[/span4][/columns]

ФАКТИ

  • Едно од 2 лица со дијабет (212 милиони) остануваат недијагностицирани;
  • Дијабетот е водечка причина за заболувања на срцето, мозочен удар, слепило, откажување на бубрезите и ампутации на долни екстремитети;
  • Бројот на лица со дијабет се очекува да порасне до 522 млиони до 2030 година;
  • 3 до 4 лица со дијабет, живеат во земји со низок и среден приход;
  • 80% од случаите на тип 2 дијабет е превентабилен со практикување на поздрав животен стил;
  • Помалку од 1 на 4 членови на семејството имаат пристап до програми за едукација за дијабетес. Се покажа дека семејната поддршка во грижата за дијабетесот има значителен ефект во подобрувањето на здравствените резултати кај луѓето со дијабетес. Затоа е важно да се продолжи образованието за самоуправување со дијабетес и поддршката да биде достапна за сите луѓе со дијабетес и нивните семејства за да се намали емотивното влијание на болеста што може да резултира со негативен квалитет на живот.

 

Оваа година активностите и пораките на Центарот за јавно здравје Битола, се фокусираат на:

  • ЕДУКАЦИЈА на поголем број од населението, (пред се ученици), на подрачјето на Центарот за јавно здравје, во врска со дијабетот.

А.  Најзначајни  ризик факторите за дијабет:

  1. Стрес (јак и долготраен стрес,кој води до зголемена концентрација на адреналин што води до стална хипергликемија
  2. Неизбалансирана исхрана и прекумерна телесна тежина BMI>25kg/m²
  3. Висок крвен притисок
  4. Низок HDL (добар холестерол) и високо ниво на масти
  5. Физичка неактивност
  6. Фамилиарна историја на дијабет
  7. Зголемување на возраста ( возраст над 45 години) )
  8. Етничка припадност
  9. Нарушена толеранција на гликоза (IGT) *
  10. Историја на гестациски дијабет
  11. Лоша исхрана за време на бременоста

 

Б. Примена на препораките за здрава исхрана :

  1. Изберете вода, кафе или чај место овошен сок, сода или други шеќерни засладени пијалоци.
  2. Јадете најмалку три порции зеленчук секој ден, вклучувајќи зелен лиснат зеленчук.
  3. Јадете до три порции свежо овошје секој ден.
  4. Изберете ореви, парче свежо овошје или незасладен јогурт за закуска.
  5. Ограничете внесот на алкохол до најмногу две стандардни пијалоци дневно.
  6. Изберете посно и помало количество на црвено месо, живина или морски плодови.
  7. Изберете путер од кикирики наместо чоколада или џем.
  8. Изберете леб од цели зрна, ориз или тестенини, наместо бел леб и тестенини.
  • ПРОМОЦИЈА на важноста на скринингот како битна активност во рана дијагноза на дијабет тип 2 и негово навремено лекување, се со цел намалување на ризикот од сериозни компликации.

ПРЕПОРАКИ

  • Одредете го СВОЈОТ РИЗИК за заболување од шеќерна болест тип 2,  и проверете го шеќерот во крвта.
  • Ако веќе имате дијагностициран дијабет, направете прегледи за да утврди дали некои од компликациите веќе се развиле и како можете да ги спречите или да ги успорите.

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *