Novel Coronavirus (2019-nCoV)- препораки за патници

Клучни факти: Новиот Coronavirus (2019-nCoV) е причинител на акутна вирусна респираторна инфекција, која во моментот се регистрира како епидемија во градот Вухан, Кина. Пренос на вирусот од човек на човек е можен, иако… 

Клучни факти:

Новиот Coronavirus (2019-nCoV) е причинител на акутна вирусна респираторна инфекција, која во моментот се регистрира како епидемија во градот Вухан, Кина.

Пренос на вирусот од човек на човек е можен, иако сéуште не се знае колку лесно вирусот се пренесува меѓу луѓето.

Првичните искуства укажуваат дека постарите лица и лицата со хронични болести се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето.

Патниците кои доаѓаат од Кина, може да бидат прашани за нивната здравствена состојба и историја на патувањето, од страна на здравствените служби на аеродромот во Скопје и доколку има потреба ќе се превземат понатамошни мерки, по однапред пропишани процедури, со цел намалување на ризикот од внесување на корона вирусна инфекција.

Кои се симптоми на заболувањето?

  • треска (висока температура),
  • кашлица,
  • отежнато дишење.

Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  • органите за дишење,
  • кардиоваскуларниот систем,
  • бубрезите.

Болеста може да варира од лесна до тешка форма со можен смртен исход.

Лекувањето на заболените лица е симптоматско.

Нема достапна вакцина за превенција од заболување со коронавируси.

Како патниците да се заштитат себе и другите?

Доколку патувате во Кина или други места/земји каде има епидемија од ова заболување, потребно е:

  • Да избегнувате близок контакт со болни луѓе од респираторни инфекции;
  • Да избегнувате близок контакт со живи или мртви животни, пазари на животни и животински продукти;
  • Да не консумирате животински продукти кои не се темелно термички обработени;
  • Редовно и темелно да ги миете рацете со сапун и вода, најмалку 20 секунди;
  • Користете алкохолни марамчиња или дезинфициенси, доколку сапун и вода не ви се достапни.

Постарите лица и лицата со хронични заболувања кои се изложени на зголемен ризик од компликации, потребно е да бидат особено внимателни и доколку е можно да го одложат патувањето.

Што да правите доколку се појават симптоми на болеста?

Ако сте патувале во Кина, или на други места/земји каде има епидемија од новиот Coronavirus и се чувствувате болни – имате покачена температура, кашлате или тешко дишете треба:

  • Веднаш да побарате медицинска помош;
  • Да избегнувате контакт со други лица;
  • Да не патувате додека сте болни;
  • При кашлање и кивање, покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба. Употребените марамчиња фрлете ги во корпа за отпадоци;
  • Доколку немате марамче, покријте ги устата и носот со рака свиткана во лактот;

Доколку ги почувствувате симптомите во тек на авионски лет, известете го екипажот и кажете им ја историјата на вашето патување!

Доколку во текот на 14 дена по враќањето во земјата од Кина или други земји каде е регистрирана епидемија на ова заболување, се почувствувате болни, односно имате покачена температура, кашлате или тешко дишете, јавете се на телефонскиот број во Одделението по епидемиологија, најблиску до местото на живеење!

Известете го лекарот за вашата здравствена состојба и историја на патување!

Телефонски броеви за контакт:

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола

Одделение за епидемиологија

047 208 120

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *