Пролетна систематска дератизација на Општина Битола

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола информира дека во периодот од 15.04.2019год. до 26.04.2019год, ќе започне  со активности за спроведување на ПРОЛЕТНАТА ФАЗА од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци).

Со дератизацијата ке бидат опфатени:

  • Подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот;
  • Прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и др.
  •  Прифатен канализациски систем на колективните станбени објекти во горе наведените реони;
  •  Дератизација на јавната депонија “Мегленци” и диви депонии во градот.

Активностите на теренот ќе ги спроведуваат три екипи во состав: два санитарни техничари потпомогнати со по еден работник на ЈП Нискоградба. Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување на ЈЗУ ЦЈЗ Битола и ЈП Нискоградба.

Дератизацијата се спроведува огласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка

Дератизацијата ќе се изведува со поставување на парафински блокови (отровни мамци) со сина  боја во канализационите шахти. Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација.

Се молат граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите.

Се молат граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите.

Доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.

Ве известуваме дека со слични соопштенија и информации се обративме и до сите медиуми во градот, до МВР и до ДСЗИ, со цел за адекватно и благовремено информирање на граѓаните.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 208-100.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *